Законот за заштита на лични податоци ќе удри по џебот на стопанствениците

Владата носи закони за кои не е сигурна дека ќе може да ги спроведе. Бизнис заедницата реагира – усогласувањето на домашната со европската регулатива ќе удри по џебот на стопанствениците. Фирмите не се подготвени да го имплементираат законот за заштита на личните податоци, кој наскоро ќе мине во Парламентот. Велат рокот за спроведување бил кус, а финансиските трошоци високи.

Стопанските комори алармираат – институциите, исто како и бизнис секторот, мора да бидат подготвени за новата законска регулатива.

Од Дирекцијата за заштита за лични податоци велат дека Законот е добар, направен бил во соработка со европските институции, а тимот кој ќе го спроведува бил целосно обучен од странски експерти.

Се уште е непознато колкави ќе бидат пеналите за непочитување на законот, но стопанствениците стравуваат дека казните ќе бидат високи, што дополнително ќе го ослаби бизнис секторот.

Биљана Божиновска