Заклучоците изготвени, мнозинството обезбедено – седница за францускиот предлог во четврток?

Ќе помине ли францускиот предлог во парламентот без билатералниот протокол да биде јавно објавен и достапен за пратениците и граѓаните.? Собранието не открива детали како ќе заврши постапката за носење заклучоци без клучниот документ во кој се содржани сите македонски отстапки по втората заедничка седница на Македонија и Бугарија, ама и согласноста за ревидирањето на македонската историја.

Од кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери засега се повикуваат само на трите листа известување за преговарачката рамка испратена од владата, но во јавноста циркулира информацијата дека мнозинството веќе ги има изготвено заклучоците кои најверојатно глатко ќе си поминат на седницата која се поверојатно е дека ќе биде закажана за во четврток, со оглед на тоа што сите албански партии и СДСМ даваат поддршка за ваквиот како што сега го нарекува власта европски предлог. Неизвесно е дали помалите коалициони партии на власта ЛДП, ДОМ и Демократски Сојуз ќе дадат поддршка со оглед на нивнте забелешки во однос на целата преговарачка рамка.

Од Демократски Сојуз веќе испорача предлог заклучоци до Џафери. Павле Трајанов бара владата доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара.Наместо унилатералните изјави за македонскиот јазик, да се додаде нов став – По приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик да стане службен јазик, без какви било можности за негово оспорување од страна на ЕУ или нејзина членка. Од преговарачката рамка, да се изостават и билатерални прашања наметнати од Бугарија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува да се врати информацијата што ја испрати Владата како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со еден ваков документ. Од партијата бараат под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол, којшто претставува најважен документ во овој процес и којшто е клучен документ врз кој ќе се договараат правилата на игра помеѓу двете земји во наредниот период.

Од власта прво ветуваа дека сите документи, заедно со преговарачката рамка и протоколот кој бил усогласен меѓи Скопје и Софија ќе бидат објавени и испратени до собранието. Брзо потоа се тактизираше со денот на објавувањето на протоколот, за сега владината тројка Ковачевски, Маричиќ и Османи да ја смени тезата па сега велат дека протоколот не бил финализиран.

Но и дали власта брза да ја заврши работата најдоцна до 22 јули од кога почнува и годишниот одмор на Европската Комисија.  

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести