Заклучени, дрогирани и хранети преку цевка: Две лица спасени од „Куќата на хоророт“ во Шпанија

Шпанските власти спасија две возрасни лица кои биле заклучени во куќа, дрогирани и хранети преку цевка. Полицијата откри дека пронашла Германец и Холанѓанка во „ужасна состојба“ во приватен старечки дом во близина на Кадиз.

Полицијата соошти дека германско-кубански брачелн пар е меѓу шестмината уапсени под сомнение за кражба на 1,8 милиони евра во период од 4 години од луѓе кои престојувале во нивниот старечки дом.

Жртвите, чие здравје се подобрило по пронаоѓањето, се пронајдени дури откако полицијата од Франфурт побарала помош од шпанските колеги за лоцирање на 101-годишна Германка по име Мариа Бабес.

Мариа Бабес

Полицијата ја лоцирала, па таа им раскажала дека Германец и Кубанка се спријателиле со неа во Тенерифе и ја донеле во јужна Шпанија со ветување дека ќе се грижат за неа, пренесува шпански Локал.

Бабес на полицијата и раскажала дека била врзана со лисици и чувана во куќа во период од неколку месеци.

„Во октомври имала повеќе од 162.000 евра на сметка, а по појавувањето на овој брачен пар во нејзиниот живот, до средината на декември имала нешто помалку од 300 евра. Нејзината куќа во Тенерифе била продадена, а таа не добила ниту евро од продажбата“, се вели во објавата на шпанската полиција.

Пред да го уапсат брачниот пар кој го водел старечкиот дом, Германецот и Кубанката ја отстраниле Бабес од домот, а таа починала 5 часа подоцна во нивниот автомобил. Според полицијата, парот го кремирал телото на Бабес, за да ги спречи властите да направат аутопсија.

Откако полицијата ги уапсила, го пребарала нивниот дом и открила дека имаат изнајмено имот во близина. Таму ги пронашле возрасните жртви заклучени во посебни соби, дрогирани и хранети преку цевчиња интубирани во нивните носеви.

Полицијата тврди дека уште четири возрасни лица за кои „се грижел“ парот починале изненадно откако им бил одземен сиот капитал кој го имале.