Закани по живот јавно се упатуваат кон децата на Мицкоски, надлежните молчат
„Да бидеш мирен, доколку ти е мила фамилијата или ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој ендек како кучиња“ – ова се дел од заканите по живот упатени кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кон неговото семејство. Од профили со имиња Роберт Типчето и Роберт Тркалај, се објавени фотографии од Мицкоски, а под нив се напишани заканите кон неговото семејство. Од МВР не ни одговорија на прашањето дали и како ќе постапат.
Доколку детално се прочешлаат профилите може да се види дека станува збор за голем поддржувач на премиерот Димитар Ковачевски како и на власта. Постојано споделува негови постови на Фејсбук, а во меѓувреме упатува закани по животот на децата на лидерот на најголемата партија во земјава.
Од ВМРО ДПМНЕ остро реагираат за заканите. Од партијата потенцираат дека заканите ниту ќе го исплашат ВМРО-ДПМНЕ, ниту ќе го замолкнат, а уште помалку ќе го поколебаат.
“Закани по животот на децата на Мицкоски во ситуација кога тој посочува на притисоци, МВР на Оливер Спасовски молчи, невладините оние до владата никаде ги нема. СДС се исплашени и нервозни, губат поддршка кај јавноста, притиснати од скандали применуваат кон закани и заплашувања” – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Инаку, ова не е прв пат Мицкоски да биде мета на животни закани. А што се однесува до лицето кое ги упати заканите, истиот човек во изборната кампања му се закануваше на кандидатот за гадоначалник на Прилеп Борче Јовечевски со истата порака „ќе си го најдеш и помалиот син во ендек фрлен како куче“.
Ања Лукарова