Закани како опозиција, притисоци како власт – Алфа останува „трн во око“ за СДСМ

Телевизија Алфа останува трн во око за СДСМ. Додека беа опозиција се закануваа, а како власт прават невидени притисоци. Сите институции се во спрега во обид да најдат „влакно во јајце“ и да и наштетат на единствената кртичка Телевизија, која остана во македонскиот етер. Засега тоа не им успева, не може да најдат ништо спорно и незаконско, но не се откажуваат.

Она што беше навестено од опозиција, сега се спроведува како власт. Поранешниот премиер и партиски лидер, Зоран Заев, уште пред повеќе од шест години дел од медиумите ги прогласи за политички непријатели.

  • „Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и МРТ. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓудрогото се финансирате и дел од пари на граѓаните“, изјави тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, на 1 декември 2015 година.

Алфа е единствената која остана трн во око. Следуваа суптилни и не толку суптилни закани кои само добиваа на интензитет.

  • „Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто“ изјави Зоран Заев на 6 март 2020 година.

Примерот на поранешниот партиски лидер го следеа речиси сите функционери – со етикетирање на телевизијата и на новинарите.

  • „Јас разговарам и со вас, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашта телевизија ама не го знам кој е“ изјави Радмила Шеќеринска на 10 јули 2020.
  • „Медиумите на Мицковски имаат задача да го поткопуваат Договорот со Грција и со текстовите негативно да влијаат на членството во НАТО“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на 20 февруари 2020.

Но, притисокот врз Алфа не остана само на закани – власта ги користи сите механизми кои и стојат располагање во обид да ја замолчи единствената кртичка телевизија која остана во македонскиот етер.

Како што расте гледаноста на Алфа, а паѓа рејтингот на власта така се засилуваат и притисоците.

Телевизијата речиси секој ден е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско.

Борис Грујоски

Advertisements