Заев ја презеде премиерската функција од Спасовски

Зоран Заев официјално ја презеде функцијата претседател на владата. Рано утрово тој во Владата се сретна со досегашниот премиер кој ја предводеше техничката влада, Оливер Спасовски.

Заблагодарувајќи му се на досегашниот премиер Спасовски и на членовите на преодната влада за успешната работа во изминатите девет месеци, Заев оценил дека храбро и успешно се справиле со здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19.

Во такви сложени услови, како што се наведува во соопштението од Влада, успешно биле организирани и спроведени фер и демократски избори и избрана новата Влада.