Заев сè уште не знае дали во преамбулата ќе биде споменат Рамковниот договорот од Охрид

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите попладнево по остварена средба со пратениците кои ги поддржаа уставните промени рече дека на нивната втора средба биле дадени насоки за понатамошните постапки кои следуваат. Заев рече дека остануваат отворени за нови амандмани кои може да ги поднесе секој пратеник. Тој не сакаше да прецизира за колку амандмани станува збор.

На поставено новинарско прашање рече дека сè уште не одлучиле дали во преамбулата ќе биде вклучен и договорот во Охрид. Рече дека вечерва ги чека долга ноќ кога ќе одлучуваат за оваа работа и се останато како предлагачи на предлог уставните измени.

– Важно е да бидат во духот на Договорот од Преспа. Може ќе бидат четири, пет или шест, вели премиерот.

Рече дека со осумтемина пратеници постигнале начелен договор за поддршка на процесот за промена на Уставното име.

Барањето Рамковниот договор да влезе во Уставот е дел од барањата на ДУИ. Владата има рок до утре да му ги поднесе уставните амандмани на Собранието.