});

Заев од комисиската расправа: Ниту се брише АСНОМ ниту се прави нова држава

Ниту се создава нова држава, ниту се брише АСНОМ рече премиерот Зоран Заев на комисиската расправа за уставните амандмани по говорите на пратениците од опозицијата и нивните искажани сомнежи.
– АСНОМ и Крушевската Република се во суштината на борбата на државата. Знам дека не е исто да се кажат одлуките на АСНОМ и прогласот на АСНОМ, но треба да знаеме дека правиме договор и градиме пријателство со нашиот сосед – рече Заев.
АСНОМ ќе бил два пати спомнат во Уставот а историското наследство немало да се брише порача премиерот.