Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, суетен новинар и еден „п*дер“ да ја урнат владата

Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде скандалозна изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја сруши Владата.

-Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден п*дер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“, изјави Заев на одбележувањето 18 години од Охридскиот рамковен договор.