Заев најавува чистка, Мицковски вели „не е до чистката, туку до тој што ја спроведува“

По изборите чистка на министри и директори – премиерот одново со старо-новото ветување од пред две години. Иако како централна власт има одврзани раце да носи вакви одлуки, тоа досега не го направи, ама затоа во следните 40 дена ќе се договарал со коалицијата. Во очи на вториот круг од изборите, првиот човек на СДСМ како алиби за првичните резултати од гласањето ваквите ветувања ги претставува на голема врата. Обидувајќи се да ја врати насмевката на гласачите по резултатот од неделното гласање, Заев потврди дека од сите предизборни ветувања како власт ги реализирале само промената на името и како што велат историските договори со соседите.

А за најавената чистка по изборите поради слабиот резултат во првиот круг Заев синоќа доби и метла од актерот Драган Спасов Дац.

Опозицијата пак вели дека најавената чистка треба да почне токму од Заев. Според Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, токму премиерот е тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донел апатијата и разочараноста во државата.

-Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев. Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев. Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев. Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев. Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите, пишува Мицкоски во својот пост на Фејсбук.

– Граѓаните на кои синоќа им се обрати Заев и на кои повторно му го вети долго најавуваното проветрување во централната власт, му вратија со одговори на социјалните мрежи.
“Зеколи до Заев: Генералка во Влада е кога со Рада ќе поднесете оставка”…Шефе убаво се метлата, ама ако само ја најавуваш, а не заигра до избори, џабе везеш… Чистката не е од принцип за одговорност, туку за гласови после дебакл на Претседателски Избори, меѓу два круга,кои во спротивно ќе истераа цел мандат…Стево ќе си победи и втор круг и ни чистка ќе има ни промени, се ќе си биде по старо. Влијателните ќе си молчат, караванот ќе си врви…се само дел од реакциите на јавноста.

Ивана Соколовиќ Најдова