Заев и Борисов татковци на францускиот предлог: Како Македонија се доведе во оваа поразителна ситуација во однос на спорот со Бугарија

Без никакви помпезни најави, ден пред Илинден, на први август 2017-та во Скопје беше потпишан договорот за добрососедство со Бугарија, договор кој по се изгледа беше само вовед во она што се случува денес.

Својот параф на овој документ го ставија поранешните премиери на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов. Иако не се очекуваше да биде така, договорот на крај стана најголем проблем за Македонија и моќно оружје на Бугарија да не блокира на европскиот пат. Но, што доведе до оваа ситуација, тоа сигурно е и потпишувањето на Преспанскиот договор.

Договорот со кој Заев и Димитров во улога на потписник, на Македонија и ја залепија кованицата Северна. Ова веројатно ги отвори очите на Софија која сфати дека со ваквата попусливост на Скопје и тие може да добијат се што сакаат.

Македонските функционери, пред се поранешниот премиер Зоран Заев, за да им се умилкуваат на Бугарите без тоа никој да го бара од нив сами си толкуваа и менуваа историски факти.

-Бугарија не е фашизам, Бугарија е нашиот пријател, изјави Заев

Плус интервјуто на бугарски кај вика ист јазик од две страни на струмица и петрич

-Јас сум од Струмица, тоа со Петрич што сме го правеле. Знаете како, струмичани петричани на ист јазик зборуваат, толку сме блиски. И сеа тоа е македонскиот јазик или бугарскиот јазик – каков е?, прашуваше Заев

Па дури и Гоце Делчев покрај македонски стана и бугарски национален херој, и тоа според човекот кој ја имаше премиерската функција.

-Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.

Да го немаше Гоце, ќе требаше да го измислиме, да биде мост на пријателство меѓу двете земји, велеше Заев.

Контра волјата на граѓаните, добивме нова реалност и менување на историски факти од политичките лидери во државава. Сепак очекуваното сплотување со Бугарија стана нешто сосем друго.

-Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност која што треба да не сплотува, велеше Заев во интервју за Бгнес.

Матеја Петровски

Поврзани вести