Заев: Да живее Република Северна Македонија!

Објаснувајќи го процесот на промена на името и заблагодарувајќи му се на народот за товарот што го носел за промена на името, Премиерот на Република Македонија денес својата прес конференција ја заврши со пораката: Да живее Северна Македонија.

Тој во обраќањето пред медиумите испрати порака дека Македонија мора да оди напред и реформите мора да продолжат.