Заев: Да живее Република Северна Македонија

Нашата земја напиша историја. Генерацискиот сон станува стварност. Со одлуката за менување на Уставот започна спроведувањето на македонско-грчкиот Договор од Преспа за членство на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, вака премиерот Заев на ден по гласањето на уставните измени ja образложи одлуката до граѓаните.

Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината. Напишавме историја и ги отворивме новите, бели страници на нашата иднина. За испишување на новата реалност, новата перспектива на Република Северна Македонија, земја членка на европското и евро-атлантското семејство.

По неколкумесечни преговори, вели тешко било да се направи ваков исчекор, но гордоста била голема.Во моќните организации ќе сме влезеле како независна држава, веројатно заборавајќи дека по референдумот во 1991 Македонија е независна и суверена држава.

Гласот за спроведување на Договорот од Преспа, е одлука против изолацијата, против несигурноста и против сиромаштијата. Одлука што им дава сила на нашите млади генерации да се издигнат рамо до рамо со нивните европски врсници. Одлука со која ја градиме Македонија да биде земја која нашите и идните генерации ќе бидат горди да ја нарекуваат свој дом.

Во однос на предвремените парламентарни избори, премиерот вели ќе размислеле за предлогот на опозицијата.
– Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли бога да не се случи. Но бара првиот човек на опзоицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи  и тека на СДСМ, ќе го отвори СДСМ ова прашање, следуават претседателски избори и  евреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагање, уцени или што било во општетсвото, рече Заев.

По вчерашното целодневно пазарење околу обезбедување на потребното мнозинство, премиерот Заев вели биле разбиени сите дилеми дека земјата се движи кон европското семејство и НАТО.
Со менувањето на Уставот премиерот најави и економски бум, бројни инвестиции, подобрување на инфраструктурата, но подобрување на животниот стандард.

Одлуката на промена на Уставот ќе се објави во Службен весник и без потпис на претседателот Иванов. Заев е оптимист дека Грција ќе го ратификува договорот и во нивниот парламент уште наредната недела. А веќе потоа ние ќе им испратиме писам на сите држави во светот кои не признале под уставното име дека треба да не нарекуваат Република Северна Македонија.

Ивана Соколовиќ Најдова