Заев во тесно- Касами условува за заеднички кандидат

Касами му ставил услови на маса на Заев ако сака поддршка за кандидатот за претседател. На денешната средба се договориле дека ќе си разменат анализи за рејтинзите на одредени имиња за кои дискутирале, ама не открија ниту едно.

-Нашата поддршка нема да биде безусловна. Сакаме да биде кандидат којшто ќе биде претседател на сите еднички заедници, а не за едни да биде мајка, а за други маќеа. Имаше предлози за неколку имиња, но и натаму не се знае кој ќе биде, рече Билал Касами, претседател на движење „Беса“

Премиерот пак вели Касами не го условил.

-Немаше услови. Се работи за анализи кои си ги прават и оставаат опција за да размислат, вели Заев.

Премиерот уште се надева дека ќе договори средба со Села, во обид да се најде заеднички јазик. Во меѓувреме, извори за Алфа во партијата на Села, велат дека во овој момент темата за било какво договарање со Заев, односно Ахмети е затворена. Опцијата за евентуално предомислување и менување на правецот на линија со ДУИ, односно СДСМ, велат е невозможна.

Според истиот извор, за два-три дена ќе се знае дали одат само со Беса или ќе настапат три здружени сили, заедно со Алтернатива- неодамна преименуваното ткиво на Беса под палката на Африм Гаши, со кои исто така се во преговори.

Искра Коровешовска