Задолжителна кастрација на домашните кучиња предвидува новиот Закон за миленици

Задолжителна кастрација на домашните кучиња. Власта со нов закон предвидува казни и до 700 евра доколку сопствениците не ги стерилизираат милениците. Тврдат дека тоа ќе помогнело да се намали бројот на бездомни кучиња.

„Сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат, освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата“, стои во предлог – Законот кој што веќе е во собраниска процедура.

Сопствениците на кучиња шокирани – велат никој не може со сила да не натера да ги кастрираме милениците, тие се дел од нашите семејства.

  • Мислам дека не треба да се кастрираат домашните кучиња, греота се, сепак, животинче. Ако сака сопственикот да, но ако не сака тоа никој со сила не може да му го намертне, велат дел од граѓание кои чуваат домашен миленик.

Во здружението за заштита на животните Анима мунди сметаат дека кастрацијата треба да биде избор – сопственикот да плаќа поголем данок доколку не сака да го стерилизира миленичето.

Освен овие законски измени власта засега не презема ништо друго за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Борис Грујоски