Загрижувачки податоци- 80% од младите сакаат да си заминат од државата

Загрижувачи податоци на студијата за млади на Македонија направена од страна на фондацијата Фридрих Еберт, 80 % од младите сакаат да се иселат од државата бидејки сметаат дека овде немаат добри услови за живот како и за усовршување на образованието.

Податоците се алармантни но на власта во моментот најверојатно не и е грижа за подобрување на условите со цел да се задржат младите во државата, на тоа укажува и одговорот на пратеничката Ивана Туфеџиќ,  на новинарско прашање кога ќе бидат подобрени условите во студенските домови, таа го насочи прстот кон министерот за образование , и изјави дека финансиски средства има но нема доволна посветеност од страна на министерот по што му упати и апел посериозно да се позанимава со решавање на ова прашање

Точно е дека не се превзема ништо за подобрување на условите во студентските домови… Министерот за образование треба посериозно да се посвети за решавање на оваа прашање, Финсансиски средства има но сметам дека нема доволна посветеност од страна на министерот за образование , оваа прилика ќе ја искористам да упатам апел до него- додаде  пратеничката Ивцана Туфегџиќ .

Став за ваквото обвинение побаравме и од заменик министерот за образование Петар Атанасов, тој вели дека информациите на пратеничката Ивана Туфеџиќ не е точна, иако директно не сакаше  да ја демантира нејзината изјава..

Ви кажав дека тие информации не се точни, не демантирам ништо само ви кажувам дека се обезбедени финансиски средства и дека за краток рок ќе бидат реконструирани сите студенски домови во државата. Вели заменик министерот за образование Петар Атанасов

Останува да видиме чиј став ќе се покаже како релевантен, по контрадикторните изјави  за реконструкцијата на студенските домови, што ги дадоа претставник на законодавната и извршната власт..

Јована Грчева