Загрижувачки податоци: Од некогаш најтопол и најгостопримлив, Македонците сега станаа најгневен народ во Европа

Народот кој важеше за еден од најгостопримливе, сега стана народ кој е најгневен во Европа. Најголем гнев од сите европејци има кај Македонците. Ова го покажуваат загрижувачките резултати на Галуп Глобал Емоушс, каде се вели дека кај Македонците постои акумулиран гнев од 26 проценти. Според социологот Илија Ацески причините за ваквите фрапантни информации, лежат во повеќе работи, пред се тешката живеачка, но и политичката состојба, внатрешна и надворешна.

Последниве години тоа се повеќе поврзани фактори, кои главно доаѓаат од надвор, членството во ЕУ, договорот за добрососедство, Преспанскиот договор, што сето тоа се акулумира и го дефира тоа секојдневното однесување кај просечниот Македонец. Постојано се прашуваме каде живееме, во какво опшстество, дали е ова нормална држава, вели Ацески за Алфа.

Ацески е на ставот дека самата исполитизираност кај голем процент од граѓаните, довела до оваа состојба на гнев и нервоза кај граѓаните.

-Една претерана исполитизираност, испартизираност на луѓето која што создава една би рекол психичка напнатост, едно неверување дека ние можеме како држава да ги решаваме тие проблеми. Тоа е голем извор за невротичност, за гнев, дека ете не не бива за ништо, изјави Ацески.

Порачува дека мора да има смирување и спуштање на топката кај политичките лидери во државата, со цел што побрзо овие загрижувачки резултати да станат минато.

-Треба да се работи на тоа едно ајде да речам елемантарно смирување на политичката состојба во државата, која главно ја поттикнуваат политичките партии и оние кои се на власт и оние кои се во опозиција. Мора да се бараат некакви форми и начини како да би рекол тие демократски процеси, промени во Македонија да се доведат до едно ниво на нормалност, дека тоа се подразбира, вели Ацески.

Истражувањето било спроведено во 2021-ва и во првата половина од 2022 година. На Балканот, дневниот гнев на Србите и Босанците е 22 отсто, на Албанците и Грците 20 отсто, на Бугарите 16 отсто, на Романците 15 отсто, на Словенците и Хрватите 14 отсто, додека на жителите на Косово 13 отсто. Најмалку гнев има Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

Матеја Петровски