НАЈНОВИ ВЕСТИ

Загина Трит Вилијамс, главниот актер на филмот „Коса“

Актерот Трит Вилијамс  кој ја одигра главната улога во култниот филм „Коса“, почина, на 72-годишна возраст, откако настрада во сообраќајна несреќа, во американската сојузна држава – Вермонт. Сообраќајката се случила недалеку од неговиот ранч, кога актерот додека го управувал својот мотор бил удрен од автомобил. Веднаш по несреќата, Вилијамс со хеликоптер бил префрлен во болница, каде што починал. Трит Вилијамс се прослави во светот на актерството со улогата во филмот „Коса“,  за која беше номиниран за „Златен глобус“. Вилијамс играше во голем број филмови и серии. Меѓу највпечатливите е неговата  улога  во филмот  „Беше еднаш во америка“.