Загина градежник по пад од скеле, работниците не веруваат во синдикалните организации

Трагично заврши животот на градежен работник од Битола кој загина по пад од скеле. Работел на битолскиот градски стадион кој е во изградба. Педесет и осумгодишниот работник од село Црно-Буки паднал од скелето вчера околу пладне.

Како што рекоа од Брзата помош, човекот најпрво се здобил со тешки повреди и крварење на главата и белите дробови. Од битолската болница бил транспортиран во скопските клиники каде и починал. Причините за падот на работникот допрва ќе се утврдуваат. Вклучена е и трудова инспекција која треба да утврди дали имало прописна заштита на скелето, како и заштитна опрема на починатиот.

Иван Пешевски Од Синдикатот на градежништво апелира до газдите во целост да го почитуваат Законот и работниците да не се преморуваат.

И додека зачестуваат несреќите на градилиштата, работниците во земјава не веруваат во синдикатите дека можат да ги заштитат. Како што велат од Хелсиншки комитет. Најголеми проблеми биле праксата, лошото или несоодветно колективно договарање, како и отсуство на социјалниот дијалог. Не заостануваа и неинформираноста на работниците и неефикасноста на институциите.

Кире Василев, кој е еден од изготвувачите на анализата за задоволството од механизмите за заштита, вели дека истражувањата им покажале оти работниците се најнезадоволни или имаат најмала доверба во синдикатите.

Василев додаде дека работниците незадоволство искажале и од Градскиот и од Државниот инспекторат за труд. Оваа институција, рече, и сега има недоволна екипираност, но се соочува уште се поголем проблем, бидејќи, како што што, рече околу 40 отсто од инспекторите се на возраст блиску до пензионирање.

Според Василев, потребен е нов Закон за синдикати, кој ќе биде попрецизен, но и постојана обука на синдикалците, кои и покрај волја или желба, не можат да ги заштитат работничките права, каде довербата е опадната.

Повредата на правата на работникот, велат, треба газдата да го чини повеќе отколку да го заштити.

Борис Грујоски