Заврши штрајкот во ЈСП, советот на Град Скопје ја изгласа одлуката за пренамена на средства

Градските автобусите почнаа да возат, протестот е прекинатм, Град Скопје пренамени 2 милиона евра од буџетот за плати на ЈСП за до крајот на годинава. На втората вонредна седница на градскиот Совет се усвои одлуката за да може да се префрли плата на вработените. Тие кажаа дека автобусите од двете бази, од Автокоманда и од Ѓорче Петров од 14 часот се на улиците.

Претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски при ЈСП, Миќо Стојановски, рече дека со самото излегување од кабинетот на градоначалничката откако е постигнат договорот пред одржување на седницата на Советот, вработените во двете автобази биле известени за одлуката и веќе сите автобуси на ЈСП се пуштени на улиците на Скопје.

  • Што се однесува до платите утре на трансакциските сметки ќе биде префрлени.Што особено не радува замислете плата! И ме радува тоа што средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје што значи не ќе треба да чекаме до 15-ти да ни легнат тие средства, кажа Стојановски.

Седницата, за разлика од вчера, помина без партиски препукувања меѓу градоначалничката и советниците. Сите едногласно ја прифатија одлуката за пренамена на парите.

Градоначлничката Данела Арсовска од говорницата денеска не се караше со советниците, туку ги замоли сите да најдат начин како да се помогне претпријатието. По завршување на седницата изрази жалаење што за првпат во историјата Скопје остана без јавен превоз.

  • Советниците ја изгласаа одлуката со полно мнозинство. Она кое што ме радува е дека конечно гледаме консензус по едно прашање. Тоа е дека она што во изминатите 30 години се случувало во едно од јавните претпријатија и кое се руинирало, практично сега имаме консензус дека треба конечно да се помогне, рече во изјава за медиумите градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа додаде дека со одлуката на денешната седница на градскиот Совет ќе се обезбедат средства кои ќе бидат замена за оние планирани средства што кон ЈСП Скопје ги немаат подмирено должат Владата, односно МОН и општините

  • Со тоа ќе се обезбеди тие практично до крајот на годината да немаат вакви проблеми каков што е овој што се случи со доцнењето на платата месецов од пет дена, изјави Арсовска.

Инаку, уште од 4:30 изутрина автобуси немаше по улиците, а граѓаните беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како да стигнат до работа, лекар, училиште. За прв пат Скопје остана без првоз, а вака изгледаа автобуските постојки. На автобуските станици се создаваше метеж од граѓани, кои се качуваа во веќе преполните приватни автобуси кои денеска сообраќаа.

Сепак проблемите во ЈСП не се целосно надминати, зашто и приватните превозници се соочуваат со потешкотии. Се заканија ако Градот час поскоро не им го исплати долгот од милион евра, и тие ќе престанат да возат.

Инаку, ЈСП кое е клучно за функционалноста на главниот град подолго време се „дави“ во долгови, но моменталната ситуација се смета за најкритична досега, а сето тоа паѓа врз грбот на граѓаните.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести