Заврши снимањето на македонската серија „Бистра вода“ – ќе се емитува наскоро на Алфа Телевизија

По половина година напорна работа, заврши снимањето на македонската драмска – криминалистичка серија „Бистра вода“ во продукција на Телевизија Алфа. Во серискиот филм учествуваа низа познати македонски актери. Според филмската екипата, единствен начин вистински да се етаблира национална телевизија, е со домашна продукција. Режисер е на проектот е Јани Бојаџи.

Ова не се реални пукотници, туку само една од сцените на македонска драмска – криминалистичка серија „Бистра вода“ во продукција на телевизија Алфа. По половина година напорна работа, заврши снимањето на последната клапа од серискиот филм, во кој учествуваа низа познати македонски актери. Според филмската екипата, единствен начин вистински да се етаблира национална телевизија, е со домашна продукција. Режисер е Јани Бојаџи. За тимот кој е вклучен во реализацијата на мега телевизискиот проект последниот ден заврши одлично.

  • Очекуваме добра приказна, гледлива серија, која ќе брои од 12 до 15 еписозоди е планирана. Напорно е, но сепак љубовта кон филомот не тера да грабиме и да ствараме, овој производ ќе биде навистина извонреден, рече меѓу другото Дејан Милошевски, извешен продуцент на серијата.

Серијата се снимаше на повеќе локации низ Македонија. Главната тема се тајните интриги на бизнисот, криминалот, високата политика – претставени низ призмата на две семејства и конфликт стар 45 години.

Главниот лик во серијата е Александар, кој по 45 години се враќа во Македонија за да расчисти работи од минатото, но и да открие нешто за кое и самиот тој нее ни свесен. Подготовките беа напорни, 12 епизоди, многу текст, пред се концентрација, односно задоволство што сум дел од овој македонски проект, вели актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски кој присуствуваше на последната клапа од снимањето.

  • Го играм ликот Милан, кој е еден од криминалците, еден од организираните мафија луѓе, но сепак човек кој почитува лојалност – се држи до една класика, сем гледале такви филмови кои баш тие кои се бават со тој бизнис, кој сепак постои, сепак е лојални со оние со кои што работат, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски.

Имавме долг период на подготовки. Супер тече снимањето, задоволни сме, конечно стигаме до крајот од напорните снимања кои траеја половина година, рече Кристијан Караџовски кој е одговорен за камерите, односно квалитетот на сликата. Верува дека после монтажата ќе излезе добар производ.

  • Не е тешко се додека се работи. Проблемот е кога не се работи, кога луѓето не пишуваат вавкви сцени, не пробуваат да ги снимат, мислејќи дека е тешко, но ако тргнеш да рабортиш, ќе мора да се снимат, колку и да е комплицирано, но јас мислам дека нее тешко. Но кога главиме некогаш снимаме и по 12 па и 15 текови, и нервоза нема, се е супер, ако ја има нема да може да се сработи како што треба, рече директорот на фотографија Кристијан Караџовски.

За вквите брзи, прилично напнати сцени потребно е дологодишно возачко искуство, кое Игор Стефановски-Иџе го претвори во вистинска уметност. Вели дека е задоволен што ја има честа да биде дел од овој проект.

  • Стварно ни недостасуваат вакви работи на македонскиот етер, и јас ќе помогнам колку што можам со моите вештини да го доловиме пред гледачите да видат како изгледа една ваква серија, едни брканици по улиците. Искуство имам во овој дел, секако, и ме радува што сега се прави една серија, која што се надевам дека ќе биде препознаена кај гледачите со добар квалитет, рече македонски професионален возач Игор Стефановски Иџе.

Инаку, Телевизија Алфа новата сезона оваа есен ќе ја отвори со македонска серија, а според филмската екипата, овој проект ќе придонесе да се тргне етикетата дека Македонците се некадарни и не знаат да направат домашен производ кој ќе не рефлектира точно онакви какви што сме.

Борис Грујоски

Advertisements