Заврши посетата на рускиот митрополит Антониј

Честитка за Божиќ и за именденот на г. г. Стефан била причината за првата посета на рускиот митрополит Антониј на МПЦ-OA.  Директорот на одделот за меѓународни односи на Руската православна црква, дошол во МПЦ-OA да ги пренесе честитките и братските поздрави од рускиот патријарх на поглаварот на г. г. Стефан. Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.

Овде сме како претставници на руската црква, тука сме да искажеме честитки за неговиот именден кој беше пред неколку дена, донесовме братски поздрави од нашиот Патријарх, рече кратко Митрополитот Антониј

Портпаролот на синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј порача дека ова не било никаква посебна средба и митрополитот бил тука за пријателски разговор и да пренесе честитки, а посетата не се криела.

Ова е прва негова посета, ова е посета во која што од страна на патријархот е задолжен да го честита именденот, сето тоа беше во пријателски разговор и разговаравме за идните планови. Не разговаравме за томосот, средбата ништо не е посебно дојде да му честита именден на неговото блаженство, рече Владиката Тимотеј, Портпарол на синод на МПЦ

Предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј, утре заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Кристина Алексиеска

Advertisements