Заврши пандемиската политика на забрана за влез на мигрантите во САД, на границите е хаос

Белата куќа е загрижена дека сцените како овие би можеле да станат норма на јужната граница со укинувањето на Наредбата 42. Секретарот за домашна безбедност објави ново правило со кое мигрантите кои минуваат нелегално граница, брзо ќе бидат отстранети и нема да имаат право на азил, освен во некои случаи. Оние кои имаат закажано преку специјална апликација ќе можат да побараат азил.

Ќе подлежат на големи последици за незаконски влез, вклучително и минимална петгодишна забрана за повторно влегување и потенцијално кривично гонење“, вели Алехандро Мајоркас, секретар за внатрешна безбедност.

Бајден вели дека Конгресот треба да направи повеќе.

„Побарав од Конгресот повеќе пари за граничната патрола. Тие не го направија тоа. Напротив, го отежнаа“, рече Бајден.

Противниците на Бајден велат дека тој не прави доволно за да ги заштити Американците.

„Политиката на границата на Бајден ја загрозува националната безбедност и ги загрозува сите американски семејства од терористички напад од нелегални жители, вели републиканецот Џо Вилсон.

Но, застапниците за имиграција велат дека системот на Бајден не е флексибилен.

„Во суштина, новото правило комбинира две забрани за азил и тоа едно од ерата на Трамп што самиот претседател Бајден го осуди во кампањата, а и двете беа укинати како незаконски пред федералниот суд“, вели Мелиса Кроу, Центар за родови и бегалски студии“, додава Мајоркас.

Администрацијата не се согласува.

„Овој претседател (Бајден) го предводеше проширувањето на законски патишта. Ние сме значително различни од претходната администрација“.

И додека во Вашингтон се дебатира, нема знаци дека поделениот Конгрес ќе се согласи за нови политики за решавање на бројот на мигранти кои бараат нов живот во Америка.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста