Заврши обдукцијата на телото на младиот беровчанец Димовски, на потег е обвинителството

Објавен извештајот од вонредниот инспекциски надзор за лекувањето на младиот беровчанец Јован Димовски за кое неговото семејство објави дека починал по лошо направена интервенцција наа заб. кои почина минатата недела.

Државниот и санитарен инспекторат изврши увид во документацијата кај сите здравствени институции во кои се лекувал Димовски.

Од увидот во стоматолошкиот картон е утврдено дека Димовски за прв пат кај својот матичен стоматолог се јавил на 10август. Откако му е извршен преглед, стоматологот констатирал огромен оток на десната страна. Поради вкочанетост на долната вилица и болка не можело да се изврши орален преглед . . Во меѓувреме од страна на матичниот лекар му е ординиран друг антибиотик и останата супортивна терапија.

Според извештајот на 11август на Јован му бил креиран упат во приваетен специјалист по орална хирургија во Струмица, но од увидот во здравствената евиденција е констатирано дека пациентот не се јавил на преглед. Три дена по првиот преглед, односно на 13 август Јован во 22.30 минути поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај е упатен на максилофацијален хирург во штипската болница.

По приемот извршена му е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не било воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа. По шест дена подоцна на 19август, по подобрување на здравствена состојба е испишан од болница со назначена терапија од страна на максилофацијалниот хирург д-р Владимир Милошев, но и да се јави на контрола за 2дена. Поради ширење на инфекција направен е контролен РТГ на бели дробови, како и контролни лабараторски испитувања. Јован се појавил на контрола и му била извршена преврска на раната и повторно му е закажана контрола за 23 август..

Но во понеделникот во раните утрински часови во 4.40 со обилно крварење, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итната помош од Берово, повторно е донесен во штипската болница каде што веднаш е внесен во операционата сала. Земени му се два бриса и според лабараторискиот извепштај не се најдени патогени бактерии, додека резултатот од хемокултура за време на инспекцискиот надзор се уште е во тек.

Во меѓувреме е побарано консултација од Универзитетската клиника за масциофацијална хирургија . На 23 авгус во 8.30 минути откако проф. Дaница Поповиќ лично го видела пациентот, дадено насока во таква состојба да не се транспортира за Скопје, туку во наредните 24часа да биде на одделот за интензивна нега во штипската болница. Но во текот на денот здравствената состојба му се влошила и Димовски е пренесен на Карил во Скопје. Неговата состојба е крајно тешка со знаци за септичен шок. Веднаш се преземени сите мерки, но кај пациентот нареднниот ден настапува смрт.

Откако семејството јавно објави дека причина за смрта на младиот Јован е лекарска грешка, штипското обвинителство отвори случај, а беше извшена и ексхумација на телото

Александра Ристевска