Заврши изложбата на професорот Жарко Башески во МАНУ

Заврши изложбата на професорот Жарко Башески во македонската академија на науките и уметностите. Во галеријата беа изложени  скулптури изработени од мермер, полиестер и силикон. Изработени во разни големини и облици, сите се правени по модел на вистински луѓе, со всадена, влакно по влакно, природна коса и брада.Овие склптури македонската публика имаше можност да ги види за прв пат, а изложбата до сега беше поставена во Њујорк, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Мексико.

Заинтересираноста е во континуитет, од првиот ден од вечерта. Најмногу скулптурите се изработени од полиестер, смола и силикон кој е познат во американската филмска индустрија и јас го земам од таму. Сега во последно време, последнава година дена некои скулптури се изработени во мермер, изјави проф. Башески

Настанот беше отворен со текст на академикот Венко Андоновски. Заеднички именител, крикот на неговите скулптури е највисокото начело на филозофијата: крик по вистината, која е толку умножена денес што станува – лага… – меѓу другото, напиша Венко Андоновски, за уметноста на професорот Башески. Скулптурите во изложбата зборувааат за животот и светот во кој живееме.

Со вакви скулптури јас сум едни 12, 13 години наназад и мислам дека и ќе продолжам со овој мој начин на изразување, изјави проф. Башески

Професорот Башевски е добитник на голем број награди. Значаен дел од неговото творештво е во приватни колекции во земјата и во странство. Оваа изложба почна на 15ти септември, а заврши официјално денеска.

Бојана Златкова

Advertisements

Поврзани вести