Силниот ветер причина за авионската несреќа на Солунска Глава

Во меѓувреме завршени се ДНК-анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие, и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција, изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.

Претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИВНСИ Зоран Илиевски, вчера информира дека остатоците на авионот ќе бидат подигнати веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови, а дали ќе има потреба од вештачење на леталото, рече дека тоа ќе го покаже истрагата.

Формирана е Комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на КИВНСИ ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во истражниот тим за уривањето на „цесната“ ќе се приклучат и давјца бугарски истражители.

МИА