Завршена обдукцијата на седуммина загинати во автобуската несреќа- За останатите седуммина во текот на денот

Завршена е обдукциската анализа на седуммина патници загинати во вчерашната автобуска несреќа.

Како што наведуваат од судска медицина денеска треба да се спроведе обдукција уште на седум тела.

По завршувањето на постапката извештајот ќе биде доставен до надлежниот јавен обвинител којшто ја води истрагата.