Жолто – кафена вода тече од чешмите во село Тремник

Ваква вода користат во домаќинствата жителите од С. Tремник во Неготинско. Водата која што жителите ја добиваат од градскиот водовод е со жолта, а на моменти и со кафеава боја. Тоа се забележува и од аматерските видеа кои ни ги испратија граѓаните.

Иако жителите од село Тремник велат дека се плашат за своето здравје не сакаат јавно да зборуваат за проблемот. Оние кои се пожалија во нашата редакција побараа да останат анонимни.

Одговор за овој проблем побаравме од надлежните од Јавното претпријатие за комунална дејност во Неготино, но по испратените прашања, молк од оваа институција.

Жителите и покрај овој проблем се жалат и на покачување на сметките за вода

Сметките за вода од 200 се зголемиле на над 350 денари. Досега неколкупати се пожалиле во општината во Неготино, но како што велат, им ветиле дека проблемот ќе биде решен.