Жолти елеци, црн туризам: Французи се плашат дека протестите ќе влијаат врз економијата

Француски бизнисмени бараат итни мерки после саботниот насилен протест на Жолтите елеци. Особено растревожени се туристичките работници во земјата пред почетокот на пролетната сезона, пренесува Франс 24.

„Траги од чад, искршени излози и ограбени продавници не се сликата која туристите би сакале да ја видат на Шампселизе, позната како една од најпознатите авении во светот. Особено после дестуктивниот протест во саботата во Париз, бизнисмените се загрижени дека насилството ќе ги оддалечи муштериите“, пишува телевизијата.

Има помалку посетители, особено од побогатиот слој, луѓе кои доаѓаат за викенди. Се надевам дека работите ќе се смират и ерупцијата на насилство ќе заврши“, вели еден сопственик на хотели во Париз чиј хотел на Шампселизе загубил 20% од планираниот профит во декември и јануари, после почетокот на протестите.

Француското министерство за финансии проценува дека влијанието на протестите на Жолтите елеци врз економијата може да предизвика намалување од 0.2% на економскиот раст на земјата.