Жител на Визбегово почина од струен удар

Од струен удар почина 42-годишно лице Д.П. вчера во 12:10 часот на улицата „5“ во селото Визбегово при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, информираат од СВР Скопје кои извршиле увид на лице место.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.