Жители на Тетово протестираа против отворање на казина и обложувалници во градот

Жители на Тетово од населбата Теќе денеска протестираа против отворањето на обложувалници и казина во градот.Изреволтирани од последната отворена обложувалница, во близина на училиште, во која има и т.н. слот машини, преку петиција бараат надлжените подитно да го променат Законот за игри на среќа. Недозволиво е велат вакви објекти да никнуваат во близина на образовни институции, односно на места каде се движат малолетни деца.

“Tетово нема да го дозволи ова што се случува, да биде град на казина и обложивалници.Испраќам апел до политичарите да не донесуваат Закони со кои ќе се нанесат штети.Ние до крај ќе се бориме против овие лоши појави.”

“Ова треба да се запре по секоја цена.Законот е сеуште во обработка,но,има бројни пропусти.Ние бараме овие објекти да бидат оддалечени 3 км од населено место.”

И психолозите неколкупати досега алармираа дека малолетни деца без никаков проблем влегуваат во обложувалници , па дури и во казина.Потребни се велат измени во Законот за игри на среќа, поригорозни правила, но и поголеми инспекциски контроли.

Тетово последниов период е преплавено од обложувалници и казина,кои ги има на речиси секој чекор, а постојано се отвораат нови.Само низ централното подрачје има десетина вакви објекти.Повеќето од нив работат спротивно на постојаниот Закон.

Милена Вучевска