Жителите на  штипска промаја на нозе-алармираат за опасна узурпација на државно земјиште

Речиси десетина денови над стотина станари во зградите и околните куќи кај штипска „Промаја„ се без мир. Со багери и машини се расчистува просторот пред нивните влезови, каде според таблата за градежни информации треба да никнат гаражи со висина од 3 метри. Станираат посочуваат дека просторот тајно бил продаден, а сопственикот дозвола за  градба има добиено пред пет години. Револтот е уште поголем  бидејќи  со новите ископи е узурпирано државно земјиште. .

 „Они дупло повеќе ископаа и во должина и во ширина. Се е раскопано.Не кажуват ни зошто, ниба  како. Дури ставија колци и на единствената зелена површина„-изјави Нада Накова, жител на зграда.

„Ова нема да бидат гаражи!Јас гарантирам дека нешто друго ќе биде„-изјави Грозде Ангелов.

Со изградбата на новиот објект велат дека им се поткопуват темелите на зградата, а им е одземен пристапниот пат.

  „Опасност постои темелите да се поткопат. Ќе има дождови, влага. Може да попушти зградата „-вели Добре Маринков

Единствен пристап ни се скалите. Од продавницата до влезот треба да искачам сто скали. Друг пристап до влезовите немаме„-вели Босилка Арсова.

За да го стопираат градењето станарите потпишаа и петиција, која ја доставија до Локалната самоуправа. Од Општина Штип велат дека инспекција излегла на терен за да утврди дали се узурпира државно земјиште. Истовремено ќе чекаат сопственикот да плати дел од пеналите бидејќи не ја испочитувал временската рамка, односно дека не изградил објект во рок од две години по добивањето на дозволата. Му даваат рок од два месеци. Станарите не отстапуваат. Во недела сите заедно излегуваат на протести. 

Александра Ристеска

Advertisements