Жителите на струшко Лабуништа на масовен протест – го блокираа патниот правец Струга – Дебар

Една третина од населението во струшко Лабуништа боледува од тешки респираторни заболувања, здравјето ни е нарушено,земјиштето неплодно, а домовите уништени бидејќи каменоломите се оддалечени само 90 метри од куќите, велат од еколошкото здружение “Натура Лаб”.Во лекарската потврда која ја поседуваат стои дека во последните 3 години бројот на заболени се искачил на 1850. На денешниот масовен протест лабуништани кои го блокираа и патниот правец Струга-Дебар најавија граѓанска непослушност доколку не се повлече целата механизација од каменоломите кои после 2 години повторно почнаа со работа,иако своевремено со одлука на Влада истите беа затворени.

Доколку Владата нема слух,за овие наши граѓани и ако и покрај сите наши докази,сеуште ќе ги бранат две фирми и две личности да се обогатуваат на здравјето на овие граѓани, Ве уверуваме дека ќе имаме и порадикални мерки,нема да застанеме тука бидејќи имаме дојава од родителите на учениците дека нема да ги пуштаат своите деца во второ полугодие затоа што се уплашени за нивното здравје – изјави Алија Ќазими-адвокат.

Од здружението“Натура Лаб” трдат дека имаат несоборливи докази дека концесионерите на двата активни каменоми го прекршиле законот за минерални суривини и дека не се држат до  договорите за концесионирање.

Еден од концесиониерите е голем даночен должник со неплатен данок од 35 милиони ден.Ова се официјални податоци, јавно објавени на УЈП – изјави Јасмин Ќазимоски-м.з.Лабуништа.

После два изборни циклуси и многу лаги и ветувања,“фотељашите ” го изгубија слухот за проблемите на лабуништани и повторно ја активираат рак раната на 15.000 жители-велат екологистите.

Нека се замисли Владата на Македонија кога ќе има избори во Лабуништа,многу лесно може да дојде до бојкот на изборите.Пред медиумите кажувам дека јас ќе ја водам таа кампања за бојкот на избори,па нека повелат на парламентарни, а посебно на локалните избориизјави Алим Салоски – претседател на здружение “Натура лаб”-Лабуништа.

Инаку Управниот суд поништи одлука за одземање на конецисија на една од 6-те каменоломи во околина на Лабуништа,што дополнително ги зовре страстите кај лабуништани.Тие бараат од Владата и надлежните институции во најкус моен рок да го затворат каменоломите кои ги гушат две децении.

Росица Голабоска

Advertisements