Жителите на село Бери на протести поради смрдеата од запалената кочанска депонија

Смрдеата од запалената кочанска депонија, на протест ги извади жителите на село Бели. Чадот што деновиве интензивно се шири кон нивните домови и загадениот воздух за нив повеќе се неиздржливи. Од надлежните бараат итно да преземат и мерки и да го спречат горењето на отпадот.

 „Ние сме желни за чист воздух. Имаме многу болни луѓе во селото. Земјодделците не можат да произведат здрава храна оти немаме здрава животна средина„ рече Димче Цебов, Претседател на МЗ на с. Бели“,  изјави-Димче Цебов-претседател на МЗ на с.Бели.

„Више со години се тровиме овде од оваа депонија и никој ништо не презема„ рече Иљо Митев од село Бели.

Жителите не отстапуваат, бараат итна дислокација на депонијата, но и средба со министерот за животна средина.  Најавуваат целосна блокада на регионалениот пат кон Пониква.

  „За време на викендов ќе ги блокираме двете ленти на патот до Пониква. Промовираме здрава животна околина, а сите гости што поминуваат и одат кон планината поминуваат низ најгадниот дел„ изјави Злате Данов од село Бели.

Од кочански „Водовод„ информираат дека со механизација направиле напори да се санира горењето на депонијата. Што се однесува до третманот со раствор од алги кои претходно се покажа како успешен, сега не ги дал посакуваните резултати затоа што имало намерно потпалување на отпадот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста