Жителите на Милино излегоа на блокади: Си го бранат единствениот пат што води до нивното село

Од денес жителите на село Милино со блокада ќе го бранат единствениот пат кој води до нивното село. Револтирани се бидејќи во ек на жетва  со шлепери натоварени со жито и друга земјоделска механизација им се уништува локалниот пат.  Барикади се поставени на два пункта едниот кон Лозово, а другиот кон село Каратманово.

  “Ни го уништија патот.  Се движат шлепери натоварени со по 50, 60тони жито. Целосно го уништија“ изјави Гане Атанасов

“Дозволено е за 7 тона, нека бидат и 10, ама овде се движат камиони со по 50тони. Ова не е од мали индивидуални земјоделци, туку од големи стопанственици кои имаат стотина хектари“ изјави Стефан Цветков.

Жителите не отстапуваат од своите барања. Реконструкција и нов алтернативен пат за тешките моторни возила, за нив е единственото решение. На блокадите ќе останат се додека не добијат конкретно ветување.

  “Ние ќе останеме овде 25/7. Не се мрдаме од патот се додека не дојде некој од општината или од државата и ни вети дека ќе ја санира направената штета . Да ни дадат написмено, ние одма ќе се тргнеме“ вели  Мирослав Стојановски

 “Ова не е од мали индивидуални земјоделци, туку од големи стопанственици кои имаат стотина хектари“ изјави Стефан Цветков

Градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски за Алфа вели дека патот е реконструиран пред две години и за квалитетот на изработката ќе зборува со документација. Најави вештачење за спорната делница , со кое ќе се утврди како пат стар само две години е целосно уништен од дупки со големина на кратери.  

Александра Ристевска

Advertisements