});

Живот кога паднатиот покрив е покуќнина, а бујната вегетација – бања

Наместо прозорци имаат најлони и весници, покривот им се урнал во една од одаите, струја немаат со месеци, а портата им е блокирана од високите треви и гранки меѓу кои „царуваат„ влечугите и инсектите. Во дворот влегуваат лазејќи преку крајно непристапното срушено ѕидче.Тоа е домот во распаѓање на 58-годишната Наде Костоска и нејзиниот 27-годишен син Марјанче кои живеат со 1.900 ден. социјална помош и со скромната дбевна заработувачка на Марјанче од продажбата на лозови.

Во 21-от век, Наде и Марјанче, личната хигиена ја одржуваат во разрушен простор кој негогаш бил шупа, користејќи ја бујната вегетација како завеса од љубопитните погледи на соседите и минувачите.

27-годишниот Марјанче кој е со блага психичка неурамнотеженост, нема кој не го познава во прилепската чаршија. Исто така, тој е и музички талентиран, па, одвреме-навреме го посетува и Музичкото училиште каде пее и учи да свири некои инструменти. Мајка му Наде вели дека благодарение на неговата чесност, луѓето им помагаат. Но, тоа не е решението, бидејќи овие луѓе, практично немаат ниту дом, а немаат ниту пари за да си ја реновираат трошната куќарка, во која речиси невозможно е и да се влезе.

Наде, лазејќи за да не се лизне преку имровизираниот тешко пристапен влез, срдечно не’ испрати со силна надеж дека хуманите луѓе и институциите ќе им помогнат руинираниот дом, колку-толку да си го направат пристојно место за живеење.

Каролина Дурло