Жестоки реакции по ставањето на Рамиз Мерко на црната листа
Она што за 20 години не го направи обвинителството со доверба од 3%, судството со доверба од 4% како и другите надлежни органи за борба против корупцијата, го направија Соединетите Американски држави, давајќи им на овој начин, силна шлаканица на сите органи на прогонот кои имаат обврска да овозможат владеењето на правото, а кои веќе потфрлија во борбата против корупцијата, за што мораат да сносат и одговорност-жестоко реагираат од струшкиот огранок на Алијанса на албанците.За тоа што се најде на американската црна листа, од партијата Таравари очекуваат Мерко да понесе одговорност.
“Рамиз Мерко остави го личното его, понеси одговорност, оди си и ослободи ја фотелјата.Ослободете ги надлежните органи да се справат без притисокот од вашата моќ, не ја држите цела Струга под oбвинение”-порачуваат од струшкиот огранок на Алијанса на албанците.
Од Беса реагираат бидејќи партијата на Мерко 3 дена молчи и не го коментира овој случај затоа што на неговиот универзитетот се штанцаат дипломи.
“На своите сопартијци и на неспособните ова оваа партија.Но Рамиз не е сам во овој криминал,нему му помага партијата да го креира овој апашлук не само за себе туку и за функционерите на партијата кои возат луксузни коли и се фотографираат во скапи вили направени од криминал”– вели Амди Зиба од Беса.
Органите кои се законски надлежни да ја испитаат работата на градоначалникот Мерко во моментов се окупирани од извршната власт и дирекно соработуваат со него-се огласија и од струшкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.Наспроти реакциите од сите партии во струшкиот Совет,молк владее единствени во СДСМ.
Инаку Мерко и денес беше на своето работни место, но повторно беше наводно зафатен да ги прими новинарите,а не се одважува нити да одговори на телефонските повици.Алфа вчера го улови Мерко кога доаѓаше на работа,насмеан и видно расположен дури и за прегратки,се додека не ја виде нашата камера и се сокри во својата канцеларија.
Повелете што сакате? Кај градоначаникот.Зафатено е.Ама ти не’не најави !?Ако нејќе,нејќе една секуда нема откако дојде ..Зафатено! Зафатен е?
Росица Голабоска