Жените – земјоделци со сет барања до владата, се жалат на дискриминација

Власта се фали – дека ќе одвои рекордно висок износ за земјоделски субвенции, но проблемот е, што, не сите, кои се занимаваат со ова дејност, имаат пристап до нив. Овој проблем, директно ги засега жените – земјоделци, кои, не само што се ограничени во можностите да добијат финансиска поддршка, туку, и немаат регулирани права, од типот наплатено отсуство за бременост, право на пензија и слично. Бараат – во програмата за рурален развој, да се отстранат сите аномалии, кои ги дискриминираат руралните жени. Предупредуваат – дека тоа е, и препорака од странана Обединетите нации.

Извештајот доставен до обединетите нации Националната федерацијана фармери го подготви со подршка на шведскиот кооперативен центар We Effect.