});

Жена прегазена од трактор во Требеништа

Шеесет и двегодишната В.М. од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, вчера била прегазена од трактор на локалниот пат Требеништа – Ливоишта.

МВР соопшти дека В.М. се превезувала на трактор што го управувала Р.Ј.(67) од Требеништа, со живеалиште во САД. Р.Ј. во еден момент изгубила контрола врз тракторот и тој почнал да се движи наназад, по што В.М. паднала и со задното тркало тракторот поминал преку неа.

В.М. со тешки телесни повреди била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.