Жена повредена кога во неа удри автобус кај Новата железничка станица

Жена претпладнево е повредена кога во неа удри автобус кај Железничката станица во Скопје.

Сообраќајката се случила на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ на потегот од Железничката станица кон Аеродром.

Повредената жена, која според првичните информации, има околу 50-тина години, е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.