Жбогар: Се надевам дека ќе ги почнете преговорите, ќе видиме што ќе се случи до јуни

„Се надевам дека на состанокот на Советот на ЕУ во јуни, земјите-членки ќе одлучат да отворат преговори со Македонија. Остваривте голем напредок, кога ќе погледнете наназад ќе видите голема разлика – од земја која гледаше непријатели околу себе, сега е пријател со сите нив.“

Ова денеска го изјави шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, кој денеска одржа предавање на Факултетот за безбедност-Скопје, во рамки на Дипломатскиот форум на факултетот.

– Од земја која беше во политички превирања, сега има функционална демократија, функционален Парламент со опозиција која се ангажира за реформските процеси, реформите во праводуството, така што гледаме важен напредок. Секако уште многу нешта можат да бидат направени до јуни, и со надеж чекаме да ги видиме вашите достигнувања и да видиме што ќе се случи дотогаш, истакна Жбогар.

МИА