Ефтов: Новата сезона на емисијата „Во центар“ ќе биде уште подобра од претходната и ќе се емитува од 14 октомври

Идната недела на Алфа телевизија ќе започне новата сезона на емисијата „Во центар“ и ќе имаа 40 емисии, објасни новинарот Васко Ефтов во интервју за Лидер.

-Вообичаено е емисијата са заполне кон крајот на септември или почетокот на октомври, како што велам јас, после сезоната на зимници. Оваа гоина сезоната на зимници се погоди и се поклопи со денот на референдумот, така што работев на денот на референдумот, снимавме една емисија или една моја анализа во рамки на референдумската вечер на телевизија Алфа, вели Ефтов.

Одговарајќи на прашањето дали емисијата ќе „трпи“ на квалитет, имајќи во предвид дека Ефтов е и управител на Телевизија Алфа што повлекува одговорности, тој е дециден дека емисијата ќе биде и подобра и претхдните сезони.

-Емисијата „Во центар“ е нешто што го има обележано мојот живот и можеби сум подготвен да правам компромис во животот, посебни во професионалниот, но само во однос на емисијата не. Емсијата „Во центар“ ќе биде или 110% подобра или нема да биде. Значи или ќе биде подобра од лани или нема да ја снимам. А бидеќи не планирам да престанам, тоа значи дека ќе биде подобра од лани, заклучи Ефтов.

Целото интервју погледнете можете да го погледнете вечерва на Телевизија Алфа.