Ефтов: Меѓународната заедница е понижена оти беше излажана, очекувам да прати специјални претставници во Македонија

Владата ја донесе најмоќната жена, или најмоќната политичка фигура во Европа, да дојде пред референдумот во Македонија, да агитира за референдумот и на тој референдум да има 666 000 гласови. Ова не е понижување за Зоран Заев. Зоран Заев е понижен на референдумот, меѓутоа ова е стравично понижување за меѓународната заедница, вели Васко Ефтов во интервјуто за Лидер.

-Тоа понижување меѓународната заедница можеби нема да може да им го прости на ВМРО-ДПМНЕ, но многу попвеќе нема да може да му го прости на Зоран Заев и на својата дипломатска структура во Македонија. Ако вие најмќната жена во Европа, ја донесте во Македонија, тоа значи дека вие неа и гарантирате дека референдумот ќе биде усшешен. Бидејќи референдумот е неуспешен тоа значи дека Ангела Меркел добила погрешни проценки, анализи и убедување од Република Македонија. Тие погрешни анализи и проценки може да и ги даде ии амбасадата на Германија во Македонија или да и ги даде Владата. Но, кој и да ги има дадено некој ја има излажано Ангела Меркел. Ја има излажано целата таа меѓународна структура која дојде во Македонија а го има и излажано и потпретседателот на САД кој дојде во Македонија, господинот Пенс. Тие не дојдоа во Македонија за да бидат понижени, тие дојдоа за да бидат победници. Значи некој ним им гарантираше дека излезноста ќе биде 50+1 и дека референдумот ќе биде успешен, но тоа не се случи, вели Ефтов.

По неуспешн иот референфдум и срамот кој го доживеа меѓународната заедница, според Ефтов, има две можности.

-Меѓународната заедница да влезе во процес на менување на своите амбасадори и тоа да е долг и тежок политички процес. И тоа да бара силни политички коалицираа дали во Германија, Америка или во други моќни држави или да пратат специјални претставници во Македонија. Ние имавме две такви ситуации: едната е во 2001 година, кога американците пратија свој специјален претставник, господинот Пердју и ги пратија французите и германците. Значи во 2001 година, трите најмоќни, држави во Европаи светот, пратија свој специјални претставници. И кога Никола Груевски одбива после две пролонгирања на палрламентарните избори во 2016 година и рече дека ќе го продолжи мандатот до крај и тогаш имаше специјален претставник. И тогаш беше убеден Груевски да излезе на избори. Јас очекувам дека сега странците ќе пратат свои специјални претставници кои ќе се обидат да излезат од целит овој срам, смета Ефтов