ЕУ до Италија: Ви дадовме милијарди за обнова на мостови

Властите во Брисел одговорија на обвинувањата на италијанската влада дека лошата состојба на патиштата во земјата е поврзана со финансиските обврски кон унијата, истакнувајќи дека Европската унија и исплатила на Италија милијарди евра за реконструкција на инфраструктурата.
По катастрофалниот колапс на надвозникот во Џенова, италијанскиот министер за внатрешни, Салвини, го обвини Брисел дека полнењето на буџетот на ЕУ го ставил пред безбедноста на луѓето. Меѓудругото додаде и дека надворешните обврски ја спречуваат Италија да троши повеќе пари потребни за безбедноста на училиштата и автопатиштата.