ЕУ ги продолжи санкциите против руски компании поради Украина

Европската унија денеска ги продолжи санкциите за 44 компании и 155 поединци поврзани со Русија, кои се обвинети дека ја поткопуваат независноста на Украина и ги поддржуваат сепаратистичките движења на истокот на оваа земја.

– Наша проценка е дека состојбата не дозволува менување на режимот на санкции, соопшти Европскиот совет.

Санкциите беа воведени во март 2014 година, откако Русија изврши анексија на полуостротов Крим. ЕУ оттогаш ги продолжуваше овие санкции на секои шест месеци.