Еуролинк прославува 20 години успешна работа

Како избор број 1 во приватното здравствено осигурување, имотното осигурување од пожар и осигурувањето од одговорност, Еуролинк прославува 20 години успешна работа. Компанијата која е втора на осигурителниот пазар, минатата година оствари годишен раст од 17 отсто и рекордна добивка од 1,6 милиони евра. Од Еуролинк велат дека нивната успешна приказна е резултат на одличниот кадар и довербата која со години ја добиваат од клиентите. Компанијата најави низа новитети – целосна дигитализација, воведување нови услуги, нови активности во заедницата и платформа за поттикнување здрави навики и заштита на животната средина.

Почнувајќи во 2002-рата како мала компанија со една канцеларија и само 14 вработени, Еуролинк прерасна во гигант на осигурителниот пазар  со 33 филијали и 212 вработени. Во изминатите две децении, компанијата услужено повеќе од 630 илјади клиенти, издала над две милион полиси и исплатила 78 милиони евра штети на граѓаните и фирмите. Еуролинк е дел од австриската Групација Граве.

Тања Попова

Advertisements