Еуровиа негира дека се донатори на ДУИ и покрај јавно објавениот извештај на ревизорите за 2022
Еуровиа контра медиумите и извештајот на Државниот завод за ревизија за донации на политичките партии. Елмедин Адеми и неговата Еуровиа што за речиси 2 милиони евра ќе ја потготуваат ВИП Арената Борис Трајковски за министрите на ОБСЕ негира дека компанијата некогаш донирала пари на партијата на Али Ахмети и покрај јавно објавениот ревизорски извештај за ланската година.
Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата, се невистинити!, пишува во соопштение Елмедин Адеми, сопственик на Еуровиа.
Елмедин Адеми во соопштението бара медиумите да се извинат за како што вели невистините и нарушувањето на репутацијата на компанијата, заборавајќи на јавно објавениот извештај на кој се повикуваат сите медиуми.
Државниот завод за ревизија во мај годинава го објави извештајот за финансирањето на партиите. Па согласно извештајот, интегративците ланската година земале 2, 5 милиони денари донација од Адеми како физичко лице, и од Еуровиа уште 1, 8 милиони денари.
Додека Елмедин го заборавил извештајот на ревизорите а јавноста и медиумите веќе петти ден бараат одговори за контроверзниот тендерот што го доби Еуровиа од мнр, обвинителството спие. Ниту до првиот човек Јовевски ниту до назначениот за организиран криминал Абази не допираат гласините за донатори на партии кои земаат вртоглави тендерски суми.
Во меѓувреме, министерството за надворешни работи се правда дека ја избрале најповолната понуда, а потсетуваат и дека станува збор за важна конференција со меѓународни активности.
Министерството ниту смее ниту е правно издржано да отфрли понуда која според критериумите е најповолна. Одговорно тврдиме дека не постои никакво влијание ниту нерегуларност во изборот на компанијата што е потврдено до второстепена комисија, стои во соопштението на МНР.
Што од инвестицијата вредна милиони ќе остане во спортскиот центар, а што Еуровиа ќе собере после настанот, од компанијата сметаат дека министерството е надлежно да даде одговор.
Антикорупциска веќе најави оформување на предмет и преиспитување на тендерската постапка.
Засега познато е дека од одобрените 5 милиони, речиси 2 милиони се за преадаптацијата на центарот и 120 илјади евра за стратешки коминикации на агеницјата Рејтинг. Бујар Османи има уште 3 милиони евра за хотелско сместување на министрите и нивните делегации како и за изнајмување на ВИП возила.
Додека граѓаните се на работ на егзистенција со ниските плати и пензија, власта на големо си дели тендери и организира луксузна конференција за која ќе потрпши милиони државни пари.
Паула Костадиноска