ЕСМ се уште не поднела барање за лиценца за парно греење, Владата го отпиша „Макпетрол“, гас ќе купува од Србија

На само две недели до почетокот на грејната сезона, БЕГ крена раце, а ЕСМ се уште нема поднесено барање за лиценца од Регулаторот, бидејќи прво мора да склучи договор со „Адора Инжинеринг“ за продажба или закуп на топланите исток и запад. Дополнително, пред да бараат дозвола од РКЕ, од ЕСМ велат дека им треба одлука од владата за преземање на дејноста, а неспорно е дека ќе треба и време Регулаторот да ја издаде лиценцата на новата компанија која ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија.

Надлежните чекаат „5 до 12“ да се склучат договорите, а имаа најмалку три месеци за да го решаваат проблемот откако БЕГ ја изгуби лиценцата за да снабдува топлинска енергија во главниот град. Сега, се надеваат, дека ќе има договор и ќе може на 15-ти да се загреат радијаторите.

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври.За разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите. Вториот аспект, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут “ – вели Андонов. 

Преговорите со Србија за набавка на природен гас ќе дале позитивен резултат уверуваат од Владата, а со тоа дефинитивно ќе биде заобиколен „Макпетрол“ и купувањето на природен гас од „Газпром“. За владата, цената на домашниот трговец „Макпетрол“, кој има договор со „Газпром“ била екстремно висока.

„Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот“, истакна владиниот советник Андонов.

Грејната сезона официјално стартува на 15 октомври, но по потреба и порано во зависнсот од временските услови. Од Владата уверуваат дека доколкку друго решение нема, БЕГ ќе мора да продолжи да ги грее скопјани. Сепак од компанијата веќе соопштија дека тоа нема да го направат затоа што веќе немаат ниту лиценца.

Викторија Миткова

Advertisements