ЕСМ продолжува да продава струја по багателни цени

Годинава најмногу од вишоците на струја купувала фирмата ЕТМТ Енерџи која е формирана лани во март, а нејзин сопственик е фирма од Албанија. Од продажбата на струја АД ЕСМ наплатила над 6 милиони евра, а продажба на вишок на струја се вршела во речиси сите месеци освен во јануари и април , а ЕТМТ Енерџи купила вкупно 17 990 мегавати струја. За разлика од останатите фирми кои заедно годинава купиле вишок на струја од 11 300 мегавати.

Сопственик на компанијата е ЕНЕР Траде ШПК од главниот град на Албанија, Тирана . Дозвола за вршење на енергетска дејност компанијата добива два месеци по основањето на 27 мај од РКЕ.

Најмногу вишок струја, според документацијата на АД ЕСМ, се продала минатиот месец. Најголемиот дел го купила ЕТМТ Енерџи, 5500 мегавати за вкупна цена од 1.651.200 евра. Во просек еден мегават час изнесувал 300 евра.

Опозицијата во неколку наврати  реагираше дека преку вишоците на струја кои се продаваат се врши грабеж на граѓаните преку албанската компанија.

ВМРО – ДПМНЕ реагира дека струјата од ЕЛЕМ која сега се продава по цена двојно поефтино од берзанската и истата би се продавала по берзанска цена и на тој начин 1 милион евра за последните месец и пол наместо во странски фирми ќе се слееја во Македонија.  Истата струја која е продадена поефтино од ЕЛЕМ, а потоа продадена скапо од странски трговци можела да се понуди на стопанството по поевтина цена или пак да се даде на општините за јавно осветлување.

По низата остри реакции кои се појавија во јавноста и од енергетските експерти и од граѓаните, АД ЕСМ денес со сооштение се оправда дека сите субјекти можат да се пријават за да купат вишок на енергија ако им била потребна,. Од компанијата известија дека од продажба на  вишок струја од 7-11 септември остварила профит од 868 400 евра.  Цената по која се продале вишоците од 1-7 часот била по 402 евра за мегаватчас, а 400 MWH вишоци од 2-6 часот по 362 евра.

АД ЕСМ ќе продолжи и натаму да ја нуди на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка. Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За овие продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија.

АД ЕСМ од продажбата на вишокот на струја до септември годинава вкупно наплатила речиси 6 милиони и 115 илјади евра или во просек по околу 200 евра по мегават час. Во моментов на меѓународната берза на струја еден мегават час чини околу 500 евра, а пред две недели надминуваше и 800.