ЕСЗ „Тигар“ прослави 38 години постоење

Eдиницата за специјални задачи „Тигар“ денеска прославува 38 години од своето постоење. Оваа елитна полициска единица ги извршува најсложените задачи за борба против тероризмот,  решавање заложнички драми, обезбедување загрозени ВИП личности, давање асистенција во борбата против организираниот криминал, како и спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени.

Денешното одбележување на 38 годишнината од постоењето на единицата, беше оддадена почит на загинатите припадници на тигар. 

Свои обраќања на денешната церемонија имаа командантот на ЕСЗ „Тигар“, Митко Даневски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.